79 лица во Охрид и 6 во Струга казнети поради неносење маски

- Локални
335

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 95 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 79, Струга 6 и Кичево 10).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 101 контроли во угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид.

Facebook Коментари