На 27-ми март 2021 година, од 10:00 до 17:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се зајакнати контроли во сообраќајот.
Притоа, регистрирани се 46 пречекорувања на дозволената брзина на движење (Охрид 12, Струга 24 и Кичево 10), а кај 3 возачи во Охрид утврдено е дека управуваат автомобил под дејство на алкохол.
– Тие се исклучени од сообраќајот, одземени им се возачките документи и се соодветно санкционирани. Полициските службеници во Охрид санкционирале 5 возачи поради непрописно паркирање на моторно возило, во Струга подигнати се 6 моторни возила непрописно оставени на коловозна лента, а во Дебар евидентирани се 4 пешаци кои небезбедно и надвор од пешачки премин преминувале коловозна сообраќајна лента, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари