Во Здравствен дом-Вевчани пристигнаа 100 вакцини, првите 20 термини за во петок се веќе исполнети

- Локални
939

Здравствен дом Вевчани е подготвен за почеток на процесот на имунизација против ковид 19.

,, Во нашата здравствена установа пристигнаа 100 вакцини, а имаме по 20 термини дневно. Имунизацијата започнува во петок и сите 20 термини за во петок се веќе исполнети. Доколку процесот оди по таа динамика, односно ако се исполнат сите термини и за другите денови, во четврток би завршиле со имунизација со овие први 100 вакцини што ги добивме,,-изјави за Strugaonline Јован Стојковски, директор на Здравствен дом Вевчани.

Тој додаде дека кога ќе пристигнат нови дози на вакцини, ќе бидат отворени вакцинални пунктови и во Лабуништа и Велешта.

Инаку, во Вевчани моментално има 20 активни случаи на ковид 19, на болничко лекување во Струга е еден пациент, а другите се на домашно лекување, во споменатите 20 позитивни случаи има и асимптоматски.

Strugaonline

Facebook Коментари