Време-Сончево и топло со мала до умерена облачност

- Македонија
373

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 24 до 29 степени.

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 21 до 27 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари