Време-Претпладне променливо облачно со врнежи од дожд, попладне облачноста ќе се намалува

- Македонија
325

Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 20 до 28 степени. Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 29 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари