Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и мазутот

- Македонија
62

Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на Еуросупер БС-95 и мазутот.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС-95 се намалува за половина денар, а на Мазутот М-1 за 0,647 ден/кг. Малопродажните цени на Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 68 денари/литар

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 70 денари/литар

Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 60 денари/литар

Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 59,50 денари/литар

Мазут М-1 НС – 34,596 денари/килограм

Facebook Коментари