Меѓународната изложба „100 години Требениште“ е добитник на наградата Музејски проект за 2019 година

- Македонија
479

Eксклузивната Меѓународна изложба „100 години Требениште“, е добитник на наградата музејски проект за 2019 година на објавениот конкурс од Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) за Годишната награда 18-ти мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2019 и 2020 година.

На оваа изложба првпат заедно се презентираат околу 400 експонати, откриени во повеќе наврати во различни периоди на локалитетот од 1918 до 2018 година.

,,Ексклузивната изложба ,,100 години Требениште” несомнено ја одбележа 2019 г., со посетеност од над 12.000 посетители. Интересот за оваа изложба и понатаму е голем, а за тоа говори и бројката на виртуелни посетители која секојдневно расте.“ – велат од Археолошки музеј на Македонија.
 Изложбата следно ќе биде претставена пред српската и бугарската јавност, а потоа ќе гостува во останатите европски земји кои покажаа голем интерес.
Strugaonline

 

Facebook Коментари