– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15-ти јуни, до кога важат актуелните мерки. Дотогаш со организаторите на разни настани ќе се разговара за протоколите за работа. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните одделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки, изјави денеска министерот Филипче.
Тој појасни дека олабавувањето на мерките би се однесувало на укинување на полицискиот час, како и препорака за организација на други настани.
Најави дека во следните седум дена можеме да очекуваме да пристигне нарачаната количина од 500.000 дози од кинеската вакцина „Синовак“.
Facebook Коментари