Се асфалтира главниот пат во ,,Езерски Лозја“, градоначалникот Мерко врши увид
Работните тимови на Општина Струга, со надзор на градоначалникот Рамис Мерко, денеска на терен го асфалтираа главниот пат од населба „Езерски Лозја“.

-Овој пат е дел од проектот за асфалтирање на нови патишта во градот Струга и околните села, кои се спроведуваат во континуитет. Реализирањето на вакви инфраструктурни проекти го олеснува движењето на пешаците и возилата, со оглед на тоа што токму овој пат не ги исполнуваше нормалните услови за движење.-соопштуваат од Општина Струга.
Strugaonline
