15 нови случаи на ковид 19, нема починати лица

- Македонија
463

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 10, Куманово и Дебар – по 2, Тетово – 1.

Регистрирани сe 6 оздравени пациенти од: Скопје – 5 и Тетово – 1.

Не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234.

Facebook Коментари