Министерство за здравство: Вакцинацијата се одвива непречено, вчера се вакцинираа 12.939 граѓани

- Македонија
604

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство (МЗ) на Република Македонија.

– Вкупно се аплицирани 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани. Со последните бројки 64% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 62% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 57% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, а 45% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат од МЗ.

 

Facebook Коментари