Летен камп за детски хорови и солисти „Прима виста“ во Струга

- Локални
551
Во Ценатрот за култура  Браќа Миладиновци -Струга на ден 25.08.2021 ќе се одржи  летна музичка  едукативна работилница за детски хорови и солисти- летен камп ,,Прима виста”.
На оваа музичко-едукативна работилница ќе учествуваат- хорот ,,Златно Славејче“ од Скопје и хорот ,,Весели бисерчиња“ од Охрид.
-Целта е овој настан да поттикне развивањето на идејата за основање на детски хор во Струга. Во Домот на културата во Струга во минатото функционирале хорови, но истите биле сочинети од средношколци. Нашата цел и идеја е формирање на детски хор во кој ќе членуваат деца на возраст до четиринаесет години. -изјави за Strugaonline Николина Велкоска, директорка на Центарот за култура ,,Браќа Милиадиновци“-Струга.
Настанот се одржува  прв пат и е поддржан од Министерство за култура.
Strugaonline

Facebook Коментари