Од вечерва на полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати.-одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката , Еуросупер БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за еден денар, Еуросупер БС-98 за 1,50 денари, а Еуродизелот (Д-Е V) поевтинува за половина денар. Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,751 денари за килограм.
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 70,50 денар/литар
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 72 денари/литар
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 61,50 денари/литар
- Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 61 денари/литар
- Мазут М-1 НС – 35,930 денари/килограм.
Facebook Коментари