РК Струга славеше во Радовиш, во четврток во Струга се игра ,,езерско дерби“
Во рамките на првото коло од Супер-лигата РК Струга на гостински терен славеше над екипата на Радовиш со резултат 19:22.

Oд струшкиот клуб известуваат дека натпреварот од второто коло Супер лига мажи помеѓу екипите на РК Струга и РК Охрид ќе се одигра на ден 16.09.2021 год, четврток, со почеток во 19:00 часот во Спортската сала при СОУ ,,Нико Нестор” во Струга.
Согласно мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19 според кои се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, на затворено со 30% од капацитетот на просторот, имка ограничен број на билети , истите можете да ги набавите од 13.09.2021 до 16.09.2021 од 10:00 до 12:00 часот во канцелариите на РК Струга.
На ден на натпревар, влез во сала е дозволен само доколку имате доказ дека поседувате сертификат за примена најмалку прва доза вакцина или сертификат за прележаност не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Strugaonline

