Лев банер Десен банер

Време-Сончево и топло со мала до умерена облачност

Денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Преку ноќта кон вторник, претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 33 степени. Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови наместа нестабилно и свежо со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 28 степени.

Извор: УХМР

 

error: