Шипинкароски и Јолдеска на средба со жителите на Лабуништа

- Локални
1473
Во рамки на предизборната кампања, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ , Димче Шипинкароски и носителката на советничката листа Ирина Јолдеска остварија средби со жителите на Лабуништа.
,,Денешната посета во Лабуништа  беше исполнета со меѓусебни разговори, размена на искуства и победничка атмосфера. Лабуништа за нејзините жители е местото на своите предци, нивен дом, место во кое го вложиле целиот свој живот.“ – велат од СДСМ и коалицијата.
Од таму додаваат дека посветено ќе работат на решавање на сите проблеми на жителите од Лабуништа.
,,Се обврзуваме да го подобриме водоводниот и канализацискиот систем, амбулантната и брза помош ќе се стават во полна функција, ќе ги асфалтираме улиците во селото“ -информираат од СДСМ.

Facebook Коментари