Општина Струга: Од утре ќе се асфалтира улицата ,,Маркс и Енгелс“, граѓаните да ги повлечат паркираните возила

- Локални
521

Општина Струга информира дека од утре, 02.10.2021 година, до 04.10 ќе се преземаат активности за асфалтирање на улицата ,,Маркс и Енгелс“.

,,Ве молиме за создавање услови за непречено изведување на асфалтирањето, односно, во наведениот период да ни излезете во пресрет и да ги повлечете возилата од местата каде секојдневно ги паркирате.,,-стои во соопштението од Општина Струга.

Facebook Коментари