Денеска ќе преовладува сончево време со мала локална облачност и слаб претежно јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 20 до 26 степени. Утре ќе биде променливо облачно и свежо со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 22 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари