Предавање на тема ,,Кардиоваскуларни заболувања“ во Црвен крст-Охрид

- Локални
388

Во склоп на активностите за одбележување на светскиот ден на срцето, ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања –Охрид, во просториите на Црвен крст Охрид, одржа предавање на тема кардиоваскуларни заболувања.

-Презентацијата беше насочена кон запознавање на населението со кардиоваксуларните заболувања, нивните симптоми, дијагностички прегледи како и третман и терапија. Посебно внимание беше посветено на едукација за зголемениот ризик од компликации на Covid 19 кај пациентите со кардиоваскуларни заболувања и давање на препораки за заштита и подобрување на квалитетот на животот кај оваа група на пациенти.-информираат од ЈЗУ Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања –Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари