Денеска ќе преовладува променливо облачно и потопло со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 21 степен.
Утре наутро со услови за појава на магла по одделни котлини, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 22 степени.
Извор: УХМР
Facebook Коментари