Според конечните резултати што ги објави Државната изборна комисија, во првиот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник од ДУИ, Рамис Мерко освои 40,50% од гласовите односно 10.956 гласови, кандидатот Идри Истрефи од Алијанса за Албанците освои 34,82% од гласовите, односно 9.421 глас. Ова се двајцата кандидати кои во вториот круг ќе се борат за победа.
Излезноста во Струга беше 44,04% односно од вкупно 61.437 гласачи на избирачкиот список, на гласање излегле 27.054 гласачи.
Извор: ДИК
Facebook Коментари