Лев банер Десен банер

,,Враќање во иднина“ , нова книга од авторот Анастас Ќушкоски

Неодамна од печат излезе новата збирка со 52 песни,од современиот македонски писател Анастас Ќушкоски од Вевчани,во Едицијата на Современата македонска поезија,насловена како „Враќање во иднината“,на 85 страници и со пет негови илустрации.

Збирката песни е поделена на три дела и тоа:Бигори со 18 песни,Изблици 16 песни и Епифании 17 песни.

Издавач Ирис,Струга,а ликовно – графичко обликување и фотографии се на самиот автор Анастас Ќушкоски.

Од неговата богата библиографија извадивме дека Анастас Ќушкоски,е роден1942 година во Вевчани.Има завршено Економски факултет во Прилеп.Тој е еден од ретките поливалентни автори со коплексно и различно творештво.За него не постојат граници во уметничкото изразување.Тој со подеднакво творечки занос и жар,успешно се пронаоѓа во повеќе свери на уметноста и истражувачките активности што го чини во континуитет повеќе од половина век.Инаку на културната и пошироката јавност и е познат како драмски автор,поет,раскажувач,публицист,сценарист,режисер и пасиониран фотограф.

На литературен план има објавено 16 книги.Подолго време се занимава со научно истражувачки работи во неколку област.Исто така се јавува и како автор на повеќе краткометражни (алтернативни) и документарни филмови реализирани преку МТВ и локалните телевизии на тема од печалбарството,фолклорот,обичаите,старата архитектура и друго.Подолг временски период се занимава и со фотографија,при што има реализирано преку 30 самостојни тематски изложби во земјава и странство.Истите се насловени како:„Вевчани низ објективот на Анастас Ќушкоски“.Член е на повеќе асоцијации и здруженија меѓу кои и на Друштвото на пистаелите на Македонија,Македонско научно друштво од Битола,Друштво на наука,уметтност и култура во Струга,како и Центарот за крепеста уметност на Македонија.За своите активности има добиено повеќе награди и признанија.

Тој пишува од најмадата возраст но доста има напишано и објавено во третата доба на животот како пензионер од 2000 година.

Текст и фото:Стојан Кукунешоски

error: