Црвен крст-Струга подели едукативен материјал за заштита од ковид 19 во училиштата

- Локални
507
Во рамките на проектот за градење на капацитетите за зголемување на капацитети за следење и комуникација за КОВИД-19 на Црвениот крст на Република Северна Mакедонија во соработка со Институтот за јавно здравје и регионалната кацеларија на СЗО за Европа, Општинска организација на Црвен Крст Струга дистрибуираше информативен и едукативен материјал во основните училишта на територија на општина Струга под наслов „Да ги зачуваме училиштата безбедни, со цел да се спречи ширење на КОВИД-19 меѓу учениците“.
-Преку оваа активност, учениците ќе се информираат повеќе за безбедноста во училиштата и начините на превенција од Ковид-19.-велат од Црвен крст-Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари