Во недела во Охрид ќе се одржи манифестацијата ,,Фолклорни смотри, Западен регион“

- Локални
554
Во недела во Охрид ќе се одржи манифестацијата  ,,Фолклорните смотри , западен регион“ во организација на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија.
Во 12:00 часот е закажано дефиле по охридската чаршија, а еден час подочна на Антички театар ќе започнат сценските презентации на ансамблите учесници.
Свои настапи ќе имаат КУД Илинден од Струга, КУД Мислешево од Мислешево, КУД Дримкол од Вевчани, како и ансамбли и културно-уметнички друштва од Охрид, Битола, Ресен, Јагуновце, Демир Хисар, Теарце и Новаци.
Strugaonline

Facebook Коментари