20 возила во Струга упатени на технички преглед

- Локални, Останати
446

На 4-ти ноември од 09:00 до 14:00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се сообраќајни контроли на возила што вршат јавен превоз на патници.

Притоа, 69 возила се упатени во станици за технички преглед, од кои 16 во Охрид, 20 во Струга, 28 во Кичево-28 и 5 во Дебар, а кај два автобуси, по еден во Охрид и Дебар, констатиран е неисправен уред за сопирање поради што веднаш се исклучени од сообраќај, информираат од СВР Охрид.

Facebook Коментари