На 21.11.2021 година од 12 часот до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и снакционирале 70 возачи на моторни возла кои во и надвор од населено место управувале со брзина поголема од дозволената (Охрид-24, во населено место-15, надвор од населено место-09, Струга-30 во населено место, Кичево-08, во населено место-06, надвор од населено место-02, Дебар-08, во населено место-01, надвор од населено место-07).
Oд СВР Охрид најавуваат дека акциските контроли во сообраќајот ќе се спроведуваат и понатаму со цел, зголемување на степенот на сообраќајната безбедност.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари