Градоначалникот Мерко потпиша Меморандум за соработка во рамки на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)”

- Локални
508
Градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко, денеска беше дел од свечената церемонија, во рамки на проектот “Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” каде потпиша Меморандум за соработка со општините Чаир од Скопје и Куманово, средните училишта во рамки на овие општини, како и други јавни субјекти.
Целта на овој проект е зајакнување на капацитетот на локалното граѓанско општество за градење отпорност против радикализација на младинското население во Северна Македонија преку развивање на граѓанска едукативна платформа за млади, дизајнирање на мотивирачки наративи и алтернативни наративи за граѓанско образование, како средство за спречување на радикализацијата на младите.
Улогата на Платформата е да работи со млади и граѓански организации и да ги зајакнува нивните капацитети во насока на градење мир, соживот и толеранција.
Проектот ќе трае до декември 2023 година и е финансиран од Европската Унија.
“Струга е препознатлива по соживот, град каде се почитуваат различностите и се негуваат. Како Општина, заедно со училиштата во континуитет работиме на мултикултурализмот. Ваквите проекти се надополнување на нашата работа и секогаш се добредојдени. Чест ми е што соработуваме со невладиниот сектор и секој со својата улога ќе се стремиме нашиот град да биде симбол на толеранција, почитување и прифаќање на различностите и културите!”- истакна градоначалникот Рамис Мерко во неговото обраќање.

Facebook Коментари