На 23-ти јуни 2022 година, од 12:00 до 18:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон возачи на моторцикли и мопеди.
– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 29 возачи на мотори кои управувале без заштитен шлем-кацига (Охрид 12, Струга 7, Кичево 3 и Дебар 7). Ги потсетуваме возачите на мотори, мопеди, моторцикли и велосипеди со помошен мотор, дека законска обврска согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата е, користење заштитен шлем при управувањето и дека на тој начин, ја зголемуваат личната безбедност во сообраќајот, информираат од СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари