
На 17.07.2022 околу 23.00 часот во полициската станица Струга, пријавено е дека на улица „Партизанска“ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Кимко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Л.К.(31) од селото Велешта и патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(34) од селото Калишта. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари