Пожар на дива депонија во Велешта, нема повредени лица

- Локални
440

На 17.07.2022 околу 13.40 часот во полициската станица Струга, пријавено е дека на место викано „Жабјак“ во атар на с.Велешта, струшко, настанал пожар на дива депонија, кој се проширил и зафатил ниви засадени со пченица, сопственост на К.А.(52), И.А.(68) и К.И., сите од Велешта. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари