Вечерва во мезе бар Кингстон ќе се одржи промоција на книгата ,,Во главата пишувам расказ“ од писателката Елизабета Баковска и фотографот Сашо Димоски.
,,Ја промовираме „Во главата пишувам расказ“ во родниот град на Сашо. Ќе позборуваме за книгата, ќе прочитаме нешто од неа и ќе погледнеме некои од фотографиите. Дојдете!,,-велат од мезе-бар Кингстон.
Станува збор за фотокнигата или фотографската мапа во која Димоски ја надополнува нарацијата на Баковска.
Почетокот е закажан за 20:00 часот.
Strugaonline
Facebook Коментари