Претставување и разговор со писателката Ена Катарина Халер утре во Струга

- Локални
437
Издавачката куќа „Готен“ ве поканува на претставувањето и разговорот со хрватската писателка Ена Катарина Халер. Настанот ќе се одржи во рамки на фестивалот Струшки вечери на поезија, во сабота (27 август), со почеток во 14:30 во хотел Дрим.
Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а моментално работи на своето димпломско дело на Архитектонскиот факултет во Загреб.
Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Романот ги има добиено наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и во финалето за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Освен со пишување, Халер пишува и книжевни критики.

Настанот се реализира во рамки на програмата за книжевни резиденции на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Facebook Коментари