Лев банер Десен банер

ЖКК Струга 2009 во последна минута не успеа да го совлада Баскет Кам, помалите пионерки го започнаа своето натпреварување со победа

ЖКК Струга 2009 во последна минута не успеа да го совлада тимот на Баскет Кам –актуелен освојувач на купот и моментален лидер на табелата. Во неизвесна пенал завршница домашните кошаркарки на Баскет Кам победија со резултат 68:62 (13:12;18:17;17:23;20:10). Стрелци за нашата екипа беа Ли со 18 поени, Стенциел 12 поени, Стојановска 11 поени, Зендели 10 поени , Модева 6, Кукунешоска и Белкоска по 2 поени, а Муртазаи постигна 1 поен.  Кај домашните најдобра беше Димова со 26 поени.

,,Одигравме добар натпревар, бевме конкурентни 39 минути и 33 секунди, во пенал-завршницата противничките беа посконцентрирани. Сакам да им честитам на моите кошаркарки кои веќе четири натпревари играат на високо ниво без оглед на тоа што имаме и ситни повреди и сме најмлада екипа во лигата. ,, -изјави тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.

На струшките кошаркарки сега им претстои пауза од две недели и истите ќе ги искористат на најдобар можен начин и ќе се подготвуваат за продолжување на првенството во кое им претстои гостување во Крива Паланка.

Овој викенд и најмладите кошаркарки односно помалите пионерки го започнаа своето натпреварување и беа подобри од ЖКК Работнички во Скопје со резултат 19:26 (04:12;02:03;05:05;08:06)

,,Со оглед на тоа дека ова е нивниот прв натпревар во кариерата и тоа на гостински терен, јас сум презадоволен. Сите 12 девојки дадоа максимум и придонесоа за оваа победа.,, -изјави Ѓоровиќ.

Дукоска постигна 12 поени, Стеблева и Мојсоска по 4 поени, Шикоска и Мијоска по 2 поени, Милеска и Коцареска по 1 поен. Играа и Бујари, Нонеска, Краљ, Танаскоска и Крстеска и дадоа придонес во играта, посебно во одбрана.

Strugaonline

error: