Aкo поминувате на улица,, 27-ми Март“ во Струга, куќата со број 44 ќе ви привлече внимание без разлика дали сте стружанец или турист.
Се чини, новогодишната магија овде блеснала со сиот свој сјај, благодарение на сопственикот, Крунислав Гаговски.
,,Новогодишното украсување на куќата за мене претставува вистинско задоволство. Ја украсувам неколку години и чинот на украсување ми прерасна во традиција. Среќен сум што голем број на случајни минувачи и туристи се фотографираат покрај неа. –вели Гаговски.
Тој додава дека освен за свое лично празнично расположение, неговото украсување има за цел да покаже колку нашиот град може да биде убав во новогодишно руво.
Гаговски апелира до граѓаните на Струга да го следат неговиот пример , да ги украсат своите куќи и дворови затоа што, како што вели, тоа би допринело за поубава атмосфера и поубава Струга за новогодишните и божиќните празници.
Facebook Коментари