Кој ќе биде новиот Microsoft Office „гуру“? – Последна фаза од вториот Национален Microsoft Office Specialist натпревар

- Македонија
881

Годинава по втор пат, се организира Националниот Microsoft Office Specialist натпревар, од страна на CertiAdria (Цертиадриа), официјален партнер на Certiportза Македонија и регионот, заедно со Microsoft Македонија. На ова второ издание, учесниците имаат можност да се натпреваруваат покажувајќи ги своите вештини и познавања со полагање на тест на Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и Power Point, од MS Office 2013или MS Office 2016.

Право на апликација и учество имаат сите ученици од основните и средните училишта, и сите студенти на факултетите кои се на возраст од 13 до 22 години.

Националниот натпревар во Република Македонија се одржува во Скопје и во уште неколку градови во два круга, односно во следните тестинг центри: “CertiAdria” – Скопје; “Семос Едукација” – Скопје; СУГС “Панче Караѓозов” – Скопје; СУГС “Никола Карев” – Скопје; СУГС “Зеф Љуш Марку” – Скопје; СОУ “Јане Сандански” – Струмица; СОУ “Гошо Викентиев” – Кочани;“E-Net” – Куманово; “Megasoft Plus” – Битола; “Design Education” – Берово; “Pegasus ELS” – Тетово.

Најдобрите 30 на ниво на цела Македонија, плус најдобрите 10 од Град Скопје според ранг листата влегуваат во финалниот натпревар кој ќе се одржи на 31 мај, 2017 во i-bank store, концептуалната филијала на Стопанска банка АД – Скопје.

Сите оние кои ќе ги положат испитите, стануваат дел од големото семејство на меѓународно сертифицирани кандидати. Најдобрите шест на ранг листата добиваат ваучери од 5000 денари од страна на Семос Едукација, додека победникот со најмногу бодови и најкратко време заминува во Калифорнија, САД на 16-то издание на светското првенство во Microsoft Office Specialist кое ќе се одржи од 30 јули до 2 август 2017 и ќе ја претставува Република Македонија на овој натпревар кој е рангиран меѓу најдобрите настани во својата категорија.

Минатогодишниот победник Марко Марковиќ од Гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, на светското првенство одржано во Орландо-Флорида го освои деветтото место во Microsoft Power Point 2013 во конкуренција од преку 130 земји учеснички.

За сите оние кои сакат да аплицираат за второто издание на Националниот Microsoft Office Specialist натпревар, посетете ја официјалната веб страна: http://mosnatprevar.mk/

 

Facebook Коментари