Лев банер Десен банер

Општина Струга одржа работна средба словенечката компанија RIKO и можност за идна соработка

Во Општина Струга се одржа работна средба со претставници на словенечката компанија RIKO d.o.o., меѓународно реномирана компанија со долгогодишно искуство во инженерингот, енергетиката, зелената транзиција и реализацијата на инфраструктурни проекти.

На средбата беа разгледани можностите за идна соработка во реализацијата на приоритетните проекти на Општина Струга, со посебен акцент на унапредувањето на комуналната инфраструктура и подобрувањето на услугите за граѓаните.

Меѓу клучните теми на разговорите беа управувањето со отпадот, пречистувањето на отпадните води и подобрувањето на системот за водоснабдување. Овие области се од особено значење за одржливиот развој на општината, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на локалното население.

Посебно внимание беше посветено на можностите за примена на современи и одржливи инфраструктурни решенија, како и на размената на меѓународни искуства и експертиза во реализацијата на проекти од јавен интерес.

Од Општина Струга посочуваат дека воспоставувањето партнерства со меѓународни компании претставува важен чекор кон создавање услови за нови инвестиции и реализација на проекти што ќе одговорат на потребите на граѓаните.

Средбата со претставниците на RIKO d.o.o. отвора простор за разгледување на потенцијални можности за соработка во области кои се клучни за идниот развој на Струга.

Општината останува посветена на привлекување инвестиции, унапредување на инфраструктурата и спроведување одржливи решенија кои ќе придонесат за подобра животна средина и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

StrugaOnline

error: