Лев банер Десен банер

Успешен настап на ККК „Дрим“ од Струга на меѓународната регата во Грција – злато и бронза за младите кајакари

Младите кајакари на Кајак кану клубот „Дрим“ од Струга остварија одлични резултати на меѓународната регата, која изминатиот викенд се одржа во Метена, Грција.

Во силна конкуренција од 15 клубови, струшките натпреварувачи покажаа одлична форма, борбеност и квалитет, освојувајќи едно прво и едно трето место, а забележаа и две четврти места.

Најголемиот успех го постигна Слободан Попоски, кој го освои првото место во дисциплината К1 јуниори. Одличен настап имаше и Максим Филипов, кој заврши на четвртата позиција во истата дисциплина.

Успешен настап имаа и двајцата заедно во дисциплината К2 јуниори, каде што Попоски и Филипов го освоија третото место и се искачија на победничкиот пиедестал.

Свој придонес кон успешниот настап на клубот имаше и Кристијан Матески, кој го освои четвртото место во дисциплината К1 пионери.

Овие резултати претставуваат уште една потврда за квалитетната работа на Кајак кану клубот „Дрим“ од Струга и потенцијалот на младите натпреварувачи, кои достојно го претставуваат својот клуб и град и на меѓународната спортска сцена.

StrugaOnline

error: