ЖКК Струга 2009 на шесто место го заврши првенството во првата сениорската лига
Во рамки на последното 14-то коло од сениорската прва лига, екипата на ЖКК Струга 2009 загуби од екипата на ЖКК МЗТ со резултат 75:61 (15:18;13:11;27:18;21:14).

Најдобра во нашите редови беше Lee со 27 поени, Зендели постигна 9, Муртезаи 8, Биочанин и Модева постигнаа по 4 поени, Белкоска 3 поени, Стојаноска, Алексиеска и Хиса запишаа по 2 поени.
Во редовите на домапшната екипа најдобри беа Lee so 24 поени и Симонс со 23 поени.

-Бевме подобри и водевме на полувреме, лоша игра имавме во третата четвртина и тоа не’ чинеше. Со оглед на тоа дека овој натпревар не влијаеше на конечниот пласман на табелата, шанса добија сите кошаркарки. Со овој натпревар заврши регуларниот дел од првенството, иако завршивме на шестото место, бевме рамноправни со сите противници. Многу натпревари загубивме во последните минути. Тоа некако и беше очекувано бидејќи сме најмлада екипа во лигата. Неколку кошаркарки кои имаат 14 и 15 години имаа голема минутажа. Се надевам дека ова искуство ќе им помогне да се развијат во вистински кошаркарки. ,, -изјави тренерот на ЖКК Струга 2009 , Владимир Ѓоровиќ.
Тој додава дека сега им претстои период за подготовки за плеј офот каде што исто како и минатата година, играат со тимот на Крива Паланка.
,,Иако тие имаат предност на домашен терен, во евентуална мајсторка мислам дека имаме шанса да изненадиме и да се пласираме во полуфинале.,,-додава Ѓоровиќ.

Овој викенд беа изиграни и два младински натпревари во кадетска и пионерска конкуренција.
Кадетки- Пробаскет-Струга 2009: 53:50
Муртезаи постигна 12 поени, Синикоска 10 поени, Кукунешоска 9 поени, Алексиеска и Муртиши по 5 поени. Белкоска постигна 5 поени, а Хиса запиша 3.
Пионерки: Пробаскет-ЖКК Струга 2009 44:40
Незири 16 поени, Милчин 12, Даути и Павлеска Ј по 4, Цинциќ и Зиба по 2 поени.
Strugaonline
