Во време на пауза на сениорската лига, тимот на ЖКК Струга 2009 одигра два натпревари во пионерска и помлада пионерска лига. Пионерките на ЖКК Струга 2009 славеа над тимот на Пелистер со резултат 58:29. Најефикасна беше Милчин со 18 поени, Незири постигна 12, Даути и Ложанкоска по 6 поени. Павлеска Ј, Зиба и Фејзулаи по 4 поени. Цинчиќ и Јанкоска по 2 поени.
Помладите пионерки на Струга 2009 го победија тимот на Работнички со 39:36. Дукоска постигна 14 поени, Мојсоска 11, Милеска 6 поени, Стеблева, Коцареска, Шикоска и Нонеска постигнаа по 2 поени.
Strugaonline
Facebook Коментари