Македонија денеска игра пријателски натпревар со Фарски Острови

- Спорт
277

Македнската фудбалска репрезентација денеска игра пријателски меч против Фарски Острови во 18:00 часот  на домашен терен на арената ,,Тодор Проески“  Скопје.

,,Натпреварот против Фарските Острови не смее да биде поразличен од кој било друг. Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат сè од себе за да стигнеме до позитивен резултат. Не се во комбинација Димитриевски, Зајков и Муслиу, но сите други се подготвени и во комбинација за настап против Фарски Острови, изјави селекторот Благоја Милевски кој додаде дека тимот на Фарските острови поседува квалитет.

,,На последните осум натпревари противникот има само еден пораз, ја победија Турција и тоа доволно зборува дека денес нема слаби селекции. Треба да бидеме потполно фокусирани. Нема фаворити во денешниот фудбал и тоа ќе го кажам по којзнае кој пат. На ваков меч се испробуваат разни варијанти кои ќе ни помогнат за следните натпревари.“ рече Милевски.

Facebook Коментари