Во четврток, на 6-ти април 2023 година, со почеток во 20:00 часот, со премиера на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“, по шестмесечна работа, Детското драмско студио „ДрамаКидЗ“, ќе се претстави пред охридската публика.
Режијата е на Ирена Стеријовска, драматургијата на Кристина Тодороска- Петреска, а стручен сорботник е Зоран Левески. Светло мајстор е Борис Велјаноски, а ментори се Зоран Пејкоски, Ѓорѓи Ризески, Филип Кипровски, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски.
Репризата на претставата е закажана за петок, 7-ми април 2023 година со почеток во 20:00 часот.
Билетите се продаваат по цена од 100 денари.
Facebook Коментари