ЖКК Струга 2009 забележа победа и во вториот натпревар со Крива Паланка и со 2:0 се пласираше во полуфинале на државното првенство.
Струшките кошаркарки славеа со 67:54 (14:10;20:19;19:14;14:11).

Ли постигна 29 поени и 14 скока, Шеќероска 13 поени и 5 скокови, Стојановска 12 поени, 5 асистенции и 3 скока. Биочанин 9 поени и 7 скокови, Зендели 4 поени и 5 скокови. Во гостинската екипа Мц Нил постигна 26 поени и Алексиеска 10 поени.
,,Би сакал да им честитам на моите кошаркарки и стручниот штаб на победата и пласманот во полуфинале. Им благодарам на поддршката и на сите навивачи. Ова е најголем успех на нашата сениорска екипа, после ерата на Кимико, ова е највисокиот пласман на струшката женска кошарка. Уште позначајно е тоа што првата утакмица ја победивме на гостински терен и фактот дека сме најмлада екипа во лигата. Во полуфинале не’ очекува екипата на Бадел 1862 со која оваа сезона имаме скор 1:1. ,,-изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Полуфиналната серија започнува на 19-ти април , Ѓоровиќ изрази надеж дека добро ќе ја изанализираат екипата на Бадел и квалитетно ќе се подготват за полуфиналната серија.
Strugaonline
Facebook Коментари