Во организација на спортското здружениe МТБ КАРАУЛА Струга, во недела на 23-ти април пред Барабар терасата, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи дружење, кафе муабет, а потоа и симболично возење со велосипед до Охрид. Сето тоа со хумана цел, сите учесници во овој настан да донираат за нашиот млад сограѓанин Бојан Крстески кој е на лекување во Италија и потребна му е нашата помош.
Организаторите ги повикуваат сите хумани граѓани од Струга и Струшко да учествуваат на овој настан во што поголем број, се’ со цел, со донации, кој колку може, да му помогнеме на Бојан Крстески во процесот на неговото лекување.
Strugaonline
Facebook Коментари