Први јуни-Меѓународен ден на детето

- Македонија
1359
Меѓународниот ден на детето се слави во многу земји на први јуни секоја година. На првата светска конференција за благосостојба на децата, што се одржа во 1925 година во Женева, Швајцарија, 1 јуни беше прогласен за Меѓународен ден на детето.
1 јуни беше официјално усвоен како Меѓународен ден на детето во меѓународната заедница во 1950 година. Вообичаено е да се зборува за правата на децата и нивната благосостојба на овој ден, како и да се организираат настани за деца. Како дел од прославите, на овој ден особено се споменуваат правото на децата да живеат во мир, правото на здравствена заштита и хармоничен развој.
Сличен настан, Светскиот ден на детето, се слави на 20 ноември. Овој празник беше усвоен од Обединетите нации во 1954 година и има за цел да ја промовира благосостојбата на децата ширум светот.
,,Нека овој ден е среќен за вас, бидејќи вие сте нашата иднина и секојдневна доза мотивација. Вашата насмевка нека ви биде светлина низ животот, а вашата искреност, најдобра особина на вашиот карактер. Светот заслужува добрина , а за нас таа добрина сте вие!,,-стои во објавата од Општина Струга по повод денешниот ден.
Strugaonline

Facebook Коментари