На 25-ти јуни ќе се одржи јубилејниот планинарски марш „ЦРН КАМЕН 2023”

- Локални
367
Планинарското друштво ,,Закамен“ го најавува десеттиот традиционален планинарски марш „ЦРН КАМЕН 2023” – ЈАБЛАНИЦА што ќе се одржи на  25.06.2023 година (недела) – Планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица, Црн камен (2258 м.н.м.в)
Ова е најавената програма:
Сабота (24.06.2023)
16:00 часот – Пристигнување на планинари и планинарски групи кои преноќуваат во С. Горна Белица и поставување шатори. (Можност за поставување шатори во дворот на поранешната караула на АРМ)
18.00 часот – Планинарска забава: „VINYL PARTY – DJ KUKUNESH” (почеток)
00:00 часот – Планинарска забава (крај)
Недела (25.06.2023)
07:30 часот – Собирање на планинарите и планинарските групи пред хотелот во Г. Белица
08:00 часот – Тргнување кон највисокиот врв на Јабланица Црн камен (2258 м.н.м.в)
11:00 часот – Пристигнување на врвот и собирање на сите планинари
12:00 часот – Напуштање на врвот, поаѓање кон вевчанска локва и враќање во Горна Белица.
15:00 часот – Пристигнување во Горна Белица, одмор и планинарско дружење.
.Пријавувањето се врши најдоцна до 23.06.2023 година (петок) – на тел. 078-217-597 (Димитри), 077-538-003 (Глигор), на e-mail: [email protected] или на Фејсбук страната www.fb.com/ZakamenPED.

Facebook Коментари