Вечерва во Струга ќе се игра претставата на македонски знаковен јазик „Улаф сте?/Are you crazy?

- Локални
361

Вечерва со почеток во 20:00 часот,  во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга,  ќе се одигра првата професионална претстава на македонски знаковен јазик за возрасни лица со оштетен слух и на говорен македонски јазик „Улаф сте?/Are you crazy?

Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми. Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива заедница.

Играат: Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска и Никола Пројчевски.

Автор и режија е Јован Ристовски, костимограф Марта Дојчиновска, а толкувач на знаковен јазик е Катерина Шаркоска асс. Елизабета Георгиева. Соработник за знаковен јазик Мартин Ангелов.

Strugaonline

Facebook Коментари