Лев банер Десен банер

ПЕД Церн Камен 2257 Вевчани организира традиционално искачување на врв Радуч

Во недела 01.10.2023 година ПЕД Церн Камен 2257 Вевчани организира традиционално искачување на врв Радуч 2083 мнв со посета на манастирот Свети Илија – Јабланица.
Соопштението ви го пренесуваме во целост
Програма:
Недела – 01.10.2023 година
– Тргнување во 7:00 од центарот на Вевчани
– Во 07:50 часот пристигнување до манастирот Свети Илија – Јабланица
– Старт на турата во 08:00 часот од манастирот Свети Илија – Јабланица
– 11 часот искачување до врвот Радуч 2083 мнв на планината Јабланица
– 14:00 часот пристигнување до манастирот Свети Илија – Јабланица
– 16:00 часот тргнување од манастирот Свети Илија – Јабланица за Вевчани.
Опис на турата:
Тргнување во 08:00 часот од пред манастирот Свети Илија – Јабланица кој се наоѓа на околу 1400 мнв.
Должината на турата е 10 км во двата правци и категоризирана во средно-лесна патека со висинска разлика од околу 700 мнв.
Времетраење на турата е околу 6 часа.
Патеката започнува од пред манастирот Свети Илија – Јабланица и почнуваме со движење по маркирана патека. 2,5 км се движиме низ букова шума, а потоа цело време се движиме по тревнат дел. Поминуваме покрај местото викано Девојкина вода и продолжуваме до врвот Радуч со 2083 мнв. Спуштањето продолжува по кружна патека оклолу 1 км, а потоа пред местото Девојкина вода се приклучуваме на истата патека по која се искачувавме и продолжуваме со спуштање до манастирот Свети Илија – Јабланица. Завршување на турата е со посета на манастирот Свети Илија – Јабланица.
Напомена:
Секој учесник треба да поседува соодветна опрема за движење во планина (кабаница, разгазени планинарски чизми, јакна, капа, планинарски стапчиња и сл.) и да носи доволно количество вода и храна. Секој учесник треба да биде психофизички спремен, да ги почитува насоките и правилата на водичите на турата, во спротивно може да биде исклучен од групата и сам е одговорен за последиците. Во зависност од временските услови организаторот и водичите имаат право да направат измени во насоките на планинарската тура од безбедносни причини, а доколку временските услови не дозволуваат организаторот може и целосно да го откаже настанот.
Секој учесник може да се пријави на е-маил: cernkamen2257@yahoo.com, во порака на нашата FB страница или на телефоните:
072 600 502 – Дончо
075 692 045 – Дејан
077 677 544 – Горан
За подобра организација пријавувањето на учесниците е задолжително. За подетални информации може да се јавите на претходно наведените телефони.

error: