Вечерва во Струга премиера на документарниот филм „Моите, твоите, нашите улици“

- Локални
494
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ги поканува сите љубители на филмот,  на премиерното прикажување на документарниот филм за млади „Моите, твоите, нашите улици“ што ќе се одржи во Летно Кино во Струга, вечерва со почеток од 20:00 часот.
Овој 26- минутен документарен филм ја обработува темата на поделба и сложност помеѓу младите во три градови: Струга, Битола и Велес. За подготовката на филмот учествуваа експерти и многубројни млади од трите градови.
Strugaonline

Facebook Коментари