Полициските службеници утре и задутре ќе спроведат боево гаѓање со огнено оружје

- Локални
251

Полициски службеници припадници на редовниот состав од полициската станица од општа надлежност, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, како и од криминалистичката полиција, утре – среда (04.10.2023) и задутре – четврток (05.10.2023), со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје. Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.
Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар”, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.
-Апелираме до граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар”, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.-стои во соопштението на СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: aрхива

Facebook Коментари