Претставата ,,Чекајќи го Годо“ вечерва повторно ќе се игра во Охрид
Актерите од Охридскиот народен театар вечерва повторно ќе ја одиграат претставата „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, во режија на Сашо Миленковски.

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Филип Кипровски и Ангел Ристоски.
Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот, а цената на билетот е 200 денари.
Strugaonline

